Слоун Стивенс доби „вајлд кард“ за Кремљ Куп
Шампионката на УС Опен 2017 и финалистка на Ролан Гарос 2018, Слоун Стивенс, ќе настапина ВТА турнирот Кремљ куп во Москва.
Прес-службата на турнирот информира дека пристигнале многу барања за вајлд карти, но предност добила 25-годишната американска тенисерка.
-Нашиот избор падна на Слоун како една од највпечатливите спортистки. Се сеќаваме на нејзиниот триумф на УС Опен минатата година и се надеваме дека ќе има успешни игри во Москва, изјави директорот на женскиот турнир Алексеј Селиванов.
Американката се заблагодари на организаторот и рече дека со нетрпение го чека почетокот на турнирот.
- Од други девојки што имаат играно на овој куп слушнав многу добри работи. Нестрплива сум да дојдам во Москва. Се надевам дека ќе имам време да го видам овој прекрасен град, изјави Стивенс.
Турнирот во Москва ќе се игра од 13 до 21 октомври.
Ново на Сител
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено
-
Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната
-
Зеленски: САД треба да ја убедат Русија да го прифати прекинот на огнот
-
Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика
-
Тетовчанец приведен за подметнување на пожар
-
Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус