-->
-->
Сликовница „Мојот прв буквар на ромски јазик“
-->

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ денеска во литературното кафе „Метонија“ ќе промовира сликовница „Мојот прв буквар на ромски јазик“.
Автор на букварот е Севдија Абдулова Демирова, а рецензенти Лена Дамоска и Биљана Туџаровска-Ќупева.
Издавањето на Букварот на ромски јазик е со поддшка од Владата на Република Македонија.
- Иако секој има право да учи на својот мајчин јазик, Ромите како „деца на светот“ бидејќи немаат своја држава, немаат можност да уживаат во ова право. Но, во Република Македонија, учениците можат да посетуваат факултативна настава на ромски јазик и овој буквар е наменет токму за децата кои сакаат да го изучуваат ромскиот јазик, како и за наставниците кои имаат потреба од стручна литература, соопштуваат од СУМНАЛ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
