Слепите лица од Неготино добија канцеларија од општината
Општина Неготино обезбеди просторија за Здружението на слепи лица од овој град.
Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов нагласи дека е задоволен што шеесетина граѓани на Неготино ќе имаат каде да се среќаваат, да разменуваат мислења и заеднички да дејствуваат во рамки на своето здружение.
- Ние и досега имавме континуирано одлична соработка, а така ќе продолжиме и во иднина. Ќе сториме се што е во рамки на нашите надлежности за да го подобриме животот на слепите лица, рече Апостолов.
Претседателот на Сојузот на здруженија на слепи лица на Македонија Жарко Салковски истакна дека се решава едно важно прашање за слепите лица од Неготино.
- Националниот Сојуз на слепи лица од Македонија, кој постои 70 години, активно работи на правата и бенефициите на околу 2.500 лица од државата. Неготино е една од општините со кои имаме најмногу разбирање и соработка, нагласи Салковски.
Ново на Сител
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО