Македонија
28. August 2015 - 8:39

Следува период на стабилно, суво и топло време

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Следува период на стабилно, суво и топло време.