Следната седмица грчкиот Парламент ќе ја ратификува спогодбата за граничниот премин кај Преспа

Спогодбата меѓу Грција и Северна Македонија за отворање на граничен премин кај Преспа, следната седмица ќе биде ратификувана од грчкиот Парламент, по што ќе следи и министерска одлука и соодветен претседателски декрет, соопштила алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на состанокот во грчкото МНР за новиот граничен премин, јави дописничката на МИА од Атина.
На состанокот под алтернативната шефица на грчката дипломатија, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, учествувале координаторот на децентрализираната администрација на регионот Епир- Западна Македонија, Василиос Михелакис, заменикот префект за енергија, животна средина и транспорт на областа Западна Македонија, Константинос Геру и градоначалникот на Општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, како и претставници на надлежните министерства.
Алтернативната МНР на Грција за време на состанокот го изразила задоволството што се покажува важноста на Договорот од Преспа за локалното население и ги повикала сите надлежни служби „на најдобар можен начин да го сторат она што е потребно за спроведување на спогодбата за граничниот премин“.
Учесниците го презентирале текот на истражувањето (патно поврзување, градежни објекти за полицијата и царинските власти и сл.), а било разгледано и доставувањето предлог за приклучување кон Европската програма INTERREG.
– Како што е одредено во спогодбата, во рок од 30 дена од ратификацијата, ќе биде формиран Мешовит комитет на експерти за спроведување на договорот, во кој ќе учествуваат претставници од Грција и Северна Македонија, соопштуваат од грчкото МНР.
Ново на Сител
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
