Следната есен оглас за субвенции за плиски уреди во автомобилите
Од следната година ќе почне субвенционирањето за вградување плински уреди во автомобилите, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој посочи дека огласот ќе биде објавен есента и оти висината на сумата ќе се определува речиси како и кај останатите мерки за енергетска ефиканост, односно ќе се субвенционираат околу 50 проценти од трошоците за поставување на вакви уреди.
– Моментално работиме да се овозможат што повеќе средства за таа намена. Откако како Министерство ќе бидеме подготвени со сите подзаконски акти, тогаш предвидуваме некаде над три милиони евра за таа мерка. Во образложението на законот е предвидедено дека секоја година ќе ги зголемуваме средствата за таа намена, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар