-->
-->
Славниот фудбалер на Барселона поврзан со нарко-картел!
-->

Живата легенда на мексиканскиот фудбал, најдобриот фудбалер во историјата на оваа земја, Рафаел Маркез, заедно со уште 21 лице се најде на црната листа на Министерството за финансии на САД поради наводна поврзаност со наркокартел.
Маркез е долгогодишен капитен на Мексико и рекордер според бројот на настапи за националниот тим (143). Најзначајниот дел од кариерата го мина во Барселона, со која освои четири титули во Шпанија и една во Лигата на шампионите.
Од јавните личности, покрај Маркез, на листата се наоѓа и популарниот пејач Хулио Сесар Алварез. Маркез е посочен како еден од водечките луѓе во наркокартелот што го предводи Раул Флорес Ернандес.
Министерството на САД смета дека Маркез помогнал преку своите бизниси и богатството што го стекнал во текот на кариерата да се исперат парите што кланот ги заработувал од продажба на дрога.
Откако беше објавена црната листа, САД веднаш му го замрзнаа имотот што Маркез го поседува во оваа земја.
Американските власти соопштија дека санкциите кон овие 22 луѓе се резултат на повеќегодишна истрага за трговијата со дрога што ја води Флорес Ернандес, кој, според Американците, работи самостојно, но е поврзан со две наркобанди во Мексико.
Исто така, санкционирани биле и 43 објекти во Мексико, меѓу кои засега е и еден неименуван фудбалски клуб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
