-->
-->
Славниот фудбалер ја прифати условната казна затвор: Роналдо го призна затајувањето данок
-->
Петпати најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо ја прифати условната казна затвор поради затајување на данок во Шпанија и треба да плати 18,8 милиони евра, јави агенцијата Ројтерс.
Напаѓачот на Јувентус денеска допатува во Мадрид и потпиша договор според кој нема да биде зад решетки, зошто покрај парична казна, ќе добие и две години затвор, зошто според шпанските закони, ако му е прв прекршок и до тоа време, не мора да ја отслужи.
Роналод се товареше дека во период од 2011 до 2014 година, кога беше член на Реал Мадрид, затаил данок на приход од маркетингшки активности.
Португалецот летоска го напушти кралскиот клуб по една деценија и премина во Јувентус за 100 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава