Фудбал
21. December 2022 - 19:51

Славјето на светската титула во Аргентина се претвори во хаос!

Според агенциските информации на улиците на Буенос Ајрес , се појавиле помеѓу 4 и 5 милиони  граѓани за да ги поздрават своите херои кои ја освоија светската титула на СП во Катар. 
За жал настанот во многу  ситуации почна да излегува од контрола па фудбалерите наместо со автобус до претседателката палата беа префрлени со хеликоптер што предизвика револт кај дел од навивачите па дојде до судир со полицијата. Според информациите повредени се дваесетина навивачи а животот го загубиле две лица додека едно петгодишно дете  е во кома. Полицијата уапсила 14 хулигани откако однесувањето  излезе од контрола па можеше да се видат млади луѓе како се качуваат по семафори, автобуски постројки, мостови а и на високиот обелиск што можеше да заврши уште потрагично.