Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека кај големите банки е направен значаен прв чекор во насока на намалување на банкарските провизии.
-Големите банки не само што ги намалија провизиите во висина на намалените давачки, туку дополнително ги намалија и за 15, 20, па дури и 30 проценти, откажувајќи се од дел од сопствената заработувачка. Постои јасна тенденција на намалување на провизиите, истакна гувернерот Славески.
Воедно, тој најави дека наскоро се очекува донесување на измените на Законот за платежни услуги, со кои значително ќе се прошират функциите на основната платежна сметка, во интерес на граѓаните.
Со законските измени, како што велат од Народната банка, ќе се овозможи дозволено пречекорување на основната платежна сметка, нејзино користење и од лица кои веќе имаат други сметки, проширување на пакетот бесплатни услуги во интерниот и меѓубанкарскиот платен промет, како и до четири бесплатни подигнувања готовина месечно од банкомати на други банки.
Дополнително, Народната банка предложи и приспособен пакет за микро трговците, со цел поттикнување на финансиската вклученост и натамошна дигитализација на плаќањата.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
