Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев

По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл - Концерт на Јордан Митев полека но сигурно станува јаве.
Деновиве веќе се пуштени и првите он лајн билети преку платформата e – ticket, достапни на следниов линк.
Концертот како што веќе најави Митев ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите...
Он лајн билетите можат да се купат се за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит.. Со почеток на билетите за најверните фанови започнува и кампањата за самиот концертен спектакл за кој Јордан Митев се подготвува во текот на целата година...
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
