Македонија
23. November 2021 - 12:32

Славел роденден со 23-годишната вереница во Истанбул, млад пар дел од загинатите во несреќата

27 годишниот Газменд Укали од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинале во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.

Информацијата за Телма ја потврдил градоначалникот Дехари.

Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.

Укали беше член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година.