Слаткар сосема го смени личниот опис до непрепознатливост!
Популарниот македонски рапер Марко Маринковиќ – Слаткар „исчезна“, односно го изгуби сопствениот идентитет од личниот опис.
Повеќе не е она момче со нежно лице по кое девојките лудудуваа, туку како некоја друга личност по чија физичка појава никогаш нема препознаете дека е Слаткар.
Фотографијата на која е со брада, долга коса и десетина килограми повеќе од порано, а се најде на неговиот Фејсбук профил, е маска за снимањето на спотот за новата песна „Тик Так“ во кој се претставува како Евреин.
Иако се спори авторството на неговиот нов албум, Марко продолжува со работата поврзана со последниот проект.
И во реалноста, Слаткар доста се промени физички, но со конкретната маска дефинитивно исчезна оној Марко што го знаеме.
Со вака успешни обиди да се маскира, дефинитивно може да размисли да биде дел од популарното шоу „Твоето лице звучи познато“.
Вистина.мк
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето