Слаба реализацијата на проектите за самовработување

Мала е реализацијата на Проектот со кој се предвидени мерките за самовработување со кредитирање, за кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места, за самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години и за кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места за млади лица до 29 години, оцени Владата на вчерашната седница.
Владата, како што соопшти нејзината прес-служба, ја задолжи Агенцијата за вработување во рок од 40 дена да изготви заклучок и анализа со точни и прецизни податоци, изразени преку бројки, за да се добие јасна слика за досегашната имплементација на овој проект, стои во информацијата.
Воедно е сугерирано Агенцијата да искористи дел од планираните средства за поддршка на владините планови за измените и новите идеи во рамки на овој проект
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
