Скулптура од опашка на кит во Холандија спречи воз да заврши во вода
– Воз кој сообраќа во холандскиот град Спикенизе, близу Ротердам, удрил во преграда, а скулптура од опашка на кит спречила возот да заврши во вода, пренесуваат холандските медиуми.
Возот останал да стои на 10 метри над пешачката патека, благодарение на „опашката на китот“.
– Се обидуваме да одлучиме како да го спуштиме возот на внимателен и контролиран начин, рече портпаролот на локалниот безбедносен штаб.
Несреќата се случила на метро-станицата Де Акерс, која е последна станица на релација Ц и Д во Холандија, а возачот по несреќата успеал да излезе од возот и бил пренесен во болница.
Во тој момент веќе никој не бил во возот.
Иако властите издадоа предупредување до граѓаните да го избегнуваат местото, околу 50 лица се собрале на местото на несреќата.
Тим експерти истражува како успешно да се спушти возот.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
