Живот
9. February 2019 - 21:41

Скрши јајце на -32 степени: Ова никој не го очекуваше, еве што ќе се случи ако сакате нешто да каснете среде поларен бран

Жител на Минесота (САД) одлучи да сними видео на кое прикажува колку брзо јајце може да се заледи на температура од минус 32 степени колку што е измерено во таа американска држава.

Навикнавме да гледаме како луѓе пржат јајца на високи температури за да покажат колку е жешко, но сега имаме можност да видиме како храната реагира на многу студени услови.

Средниот запад на Америка беше на удар на најопасниот студен бран, со температури кои се спуштаат и 40 степени под нулата зошто поларниот арктички воздух преку Дакота се прошири на Чикаго, Илиноси и Нова Англија.