Скршени и откорнати клупи, расфрлан отпад, вандализиран „Жена парк“ во центарот на Скопје
Градоначалникот Горан Герасимовски, во однос на фотографиите кои изминатите два дена се споделуваат во медиумите и на социјалните мрежи за вандализам кај „Жена парк – Борец” кадешто се скршени и откорнати клупи истакнува дека се неопходни промени во системот.
„Неопходни се промени во системот, последниот случај со вандализам кај „Жена парк – Борец” е уште една потврда дека мораме да направиме итни измени во законите. Не е само Општина Центар, туку сите општини во државата се соочуваат со вандализам во кој се уништува урбана опрема, спортски и детски игралишта, се уништуваат јавните простори. Редно време е ова да го спречиме и преку општокорисна работа на младите кои вандализираат да ги едуцираме за вредностите како одговорност и да ги почитуваат јавните простори. Овие мерки во европските земји се покажале како ефикасни, верувам дека истите ќе вродат со плод и кај нас”, истакнува Герасимовски.
Со иницијативата предложена од Општина Центар, а прифатена од ЗЕЛС и доставена до Владата се предвидува да се направат измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата. Овие измени ќе донесат позитивни резултати кај малолетните вандали.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар