Скринингот продолжи со Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки
– Скрининг средбите на Северна Македонија со Европската Унија во Брисел денеска продолжија со Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки од Кластер 2 – Внатрешен пазар, соопшти СЕП.
Слободното движење на стоки претставува една од 4-те основни слободи врз кои е изграден и функционира единствениот пазар на Европската Унија. Законодавството и институционалната имплементација на слободното движење на стоки претставуваат основа на економскиот развој.
Заменик главниот преговарач на Северна Македонија со Европската Унија, Дрита Абдиу-Халили истакна дека слободното движење на стоки е од особено значење, од самиот факт што 75% од севкупната трговија во ЕУ ја сочинуваат стоките, и тоа генерира над 20% од домашниот бруто производ на Европската Унија. Северна Македонија успеа да го усогласи најголемиот дел од законодавството за ова поглавје, а институциите носители на овој процес имаат статус на независни правни тела, посочи Абдиу-Халили.
– Докажано е дека 1,7% од економскиот раст на домашниот бруто производ на земјите членки на годишно ниво се однесува на трговијата со стоки на единствениот пазар на ЕУ. Единствениот пазар на ЕУ им помага на земјите -членки да градат развиени и одржливи економии.
Што се однесува на единствениот пазар на ЕУ и слободното движење на стоки, законодавството на ЕУ првично беше фокусирано на отстранување на трговските бариери, но денес единствениот пазар на Европската унија адресира и други стратешки цели, како што се еколошките стандарди и човековите права.
Законодавната рамка поврзана со слободното движење на стоки постојано се унапредува и е особено важна, но уште поважна е институционалната структура која треба да ја спроведува, се наведува во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
