Скопското обвинителство отвори истрага за дилер на кокаин и хероин

Осомничениот, како што соопшти ОЈО Скопје, набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом со намера да ја пушти во продажба.
При извршениот претрес од овластени службени лица од СВР Скопје, на 7-ми овој месец во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 90,9 грама, дигитална вага, како и две лажици, картичка и нож со остатоци од наркотична дрога.
До судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација