Скопска Апелација ја укина првостепената пресуда за „Трезор“
– Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.
– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се наведува во денешното соопштение од Апелациониот суд.
При разгледување на побивата пресуда, како што се додава во соопштението, Апелациониот суд Скопје констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување