Скопје трет најзагаден град во светот
Скопје денеска е на третата позиција на ранг листата на најзагадени градови во светот.
И денес Скопје и уште неколку македонски градови се меѓу најзагадените во светски рамки. Главниот град утринава беше третиот најзагаден град во светот и прв во Европа.
Просечната концентрација на опасните ПМ10 честички на кубен метар во 8 часот наутро во Скопје беше 166, со што нашиот главен град се најде на третото место со најзагадени градови во светот, веднаш зад пакистански Лахор (316) и индиски Делхи (330).
Моментално загаденоста е малку опадната, но "AQI", односно индексот на квалитетот на воздухот со кој се сумираат сите измерени вредности на мерните станици и натаму е порзителен - изнесува 157 и го сместува Скопје на 6-то место на листата со најзагадени градови во светот.
Исто така, исклучително високи концентрации на ПМ10 честичките утринава се забележани и во Тетово (181), Куманово (168) и Битола (114).
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија