„Скопје се смее“ - Априлијада на плоштад

Детска журка Априлијада – „Скопје се смее“ за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје се одржува денеска на плоштад „Македонија“. Априлијадата ја организираат Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје.

На априлијадата учествуваа и децата со Даунов синдром од Трисомија 21 кои освојуват многубројни награди и врвни признанија во својата категорија.

Плоштадот е поделен во неколку зони каде има разни активности за посетителите, а журката се состои од забава со маски, песни, игри, модерен балет и останати секции на ДКЦ „Карпош“, Златно славејче, танцови групи од основните училишта и фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен, Бетмен.

Бонус забава ќе има од 16.00 до 19.00, исто така на плоштадот со младите таленти: Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, како и еминентните музички уметници: Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири и музичкото училиште „Music House“. Забавата продолжува со DJ Ampov за сите „големи деца“ од 17.00 часот на Плоштад Македонија.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
