Скопје под полициска опсада - Продолжува судскиот процес за Дива населба
Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да продолжи судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба, кои се случија во мај минатата година.
На рочиштето што се одржа пред два дена беа сослушани четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица „Гошинце“ и еден очевидец од Дива наслеба.
Обвинетите се товарат за тероризам и учество во терористичка организација.
На почетокот на судскиот процес обвинетите се изјаснија дека се невини и одбраната побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство. Судијата одговори дека предметот ќе биде предаден на ова обвинителство доколку оттаму пристигне такво барање до судот.
Обвинителството тврди дека нападот во Дива населба бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.
На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
Сиљановска утре ќе го соопшти името на кандидатот за нов гувернер
-
Царина откри измами при увоз на половни возила
-
СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?
-
Преглед на вестите од светот
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Реформите се спроведуваат според планот, одржан прв состанок на Националниот консултативен механизам