-->
-->
Скопје ноќеска најзагаден град во светот
-->

Ноќеска еден час по полноќ Скопје бил на првото место меѓу градовите со најголемо аерозагадување во светот.
Според мерењата на Специјализираната интернет страница за следење на воздухот „Ер вижуал“, индексот на загадување во Скопје, во еден часот по полноќ бил 430. Со тој индекс на загаденост, Скопје бил на врвот на листата, а веднаш по него биле градови од Индија, Пакистан и Бангладеши. На петтото место на листата е главниот град на Косово – Приштина.
Поради високата загаденост, Град Скопје објави неколку препораки до граѓаните: да се избегнува користењето на возила или да се споделува превозот, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, како и да се чистат оџаците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
