Скопје ќе добие Retail Park, отворањето планирано во јуни
Скопје за неколку месеци ќе добие свој Retail Park каде ќе бидат лоцирани познати модни бендови, како и продавници за техничка стока, покуќнина и мебел како што се „Нептун“, „Jysk“, „LC Waikiki“, „Sport Vision“, „KFC“, „Zegin“. Планирано е да има и супермаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца, а предвиден е и паркинг простор за над 300 возила.
Паркот ќе се протега на површина од 9.500 квадратни метри, а се наоѓа на местото на некогашната фабрика „Типо“ во општина Чаир.
– Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето, изјави Катарина Николов од Cushman and Wakefield/FortonМКА кои се екслузивен агент за изнајмување.
Инвеститор на објектот е компанијата „Али Тобако“ од Скопје, а отварањето се очекува да биде во јуни.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија