Скопје и Софија заеднички ќе претседаваат со Берлинскиот процес
Во Познањ денеска во рамки на самитот на земјите од Западен Балкан ќе биде одржан централниот настан – состанокот на шефовите на држави или влади на кој треба да биде објавено идното заедничко претседавање на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес за поддршка на регионалната соработка и евроинтеграциите.
-На Самитот за Западен Балкан во Познањ, на заедничка прес-конференција на премиерот Заев со премиерот на Полска Матеуш Моравјецки, со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, и со претседателот на Владата на Бугарија Бојко Борисов, кој ќе се одржи во 15 часот, ќе биде објавено дека Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички ќе претседаваат со Берлинскиот процес во наредните 12 месеци. Претседавањето на Северна Македонија и Бугарија ќе финализира во јули 2020 година со годишниот самит кој заеднички ќе биде организиран во Софија и Скопје, информираат од владината прес-служба.
Потенцираат дека од почетокот на оваа иницијатива, прв пат се случува една земја членка од Западен Балкан, кандидат за членство во ЕУ, како што е Северна Македонија, да копретседава со Берлинскиот процес и заедно со Бугарија, земја членка, да ги организира и координира проектите за поддршка на регионалната соработка и евроинтеграциите на Западен Балкан.
Програмата за шефови на држави и влади на Самитот за Западен Балкан денеска почнува со официјалниот пречек од полскиот премиер Матеуш Моравјецки на шефовите на делегациите на земјите од Западен Балкан, како и канцеларката Ангела Меркел и членовите на владината делегација на СР Германија која е покровител на иницијативата Берлински процес.
На централната пленарна сесија на самитот, гостите од регионот ќе ги поздрави и претседателот на Полска Анджеј Дуда.
Премиерот Заев ќе учествува во сите работни сесии на Самитот и ќе има обраќања на работниот ручек, како и на пленарната сесија.
Агендата на Самитот на Берлински процес во Познањ е заснована на политичката и економската димензија. Главни области на соработка се транспортното и енергетското поврзување на Регионот, економската интеграција, бизнис секторот, соработката меѓу младите, третманот на билатералните и други отворени политички прашања од минатото на Регионот, но и глобални безбедносни и миграциски предизвици.
Ново на Сител
-

Четири злата и едно сребро за Македонија – македонските кикбоксери со голем успех на Светскиот куп
-

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето
-

ЦУК: Активни седум пожари на отворен простор, изгаснати 16 во изминатото деноноќие
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
-

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен
-

Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Зеленски: Украина се подготвува за натамошни преговори со претставници на претседателот Трамп
-

Лавров: НАТО во Арктикот е директна закана за Русија

