Спорт плус
28. July 2017 - 12:47

Скопје домаќин на Балканскиот шампионат во одбојка на плажа

Од денеска па до недела Скопје ќе биде домаќин на Балканскиот шампионат во одбојка на плажа за играчи до 22 годишна возраст. 
 
Во Машка конкуренција ќе настапат фкупно 14 екипи, а Македонија ќе биде претставувана од два. Првата екипа ќе ја сочинуваат Јован Илиевски и Лука Костиќ, а во втората ќе играат Владислав Лукаревски и Иван Замфиров.
 
Во ќенска конкуренција ќе играат 12 екипи. Македонскиот тим 1, ќе го сочинуваат Глорија Каровска и Моника Јаневиќ, додека во втората екипа че играатЈана Душковска и Сара Серафимовска. 
 
Натпреварите стартуваат од 14 часот, а ќе се играат на терените крај реката Вардар во Градскиот парк во Скопје.