Скопје доби нов парк – „Ибни Пајко“
На левата страна на Вардар, во срцето на некогашното Пајко Маало, веднаш зад Националната филхармонија, на површина од околу 11.000 квадратни метри, денеска е отворен новиот градски парк „Ибни Пајко“.
– Градот е особено горд на фактот што за подигнувањето на паркот се потрошени точно 0 денари, преку посебни јавни набавки. Зеленилото, патеките и урбаната опрема што ги гледате тука се одвоени од редовните програми на Градот и јавните градски претпријатија, а мал дел од нив се донација од општествено одговорни компании, нагласи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Во паркот се зачувани постоечките 12 дрва и се засадени се нови 85 садници во дрвореди, изградена е и пешачки патеки, сервисна улица збогатена со улична уметност, а поставена е и функционална урбана опрема.
Пристапите кон паркот се обезбедени со рампи за велосипеди или колички на сите негови влезови, а паркинзите за велосипеди и сервисната станица се поставени на осветлено место под видео-надзор за подобра заштита.
На патеката по должината на булеварот „Гоце Делчев“ е засадена жива ограда за да го штити паркот од прашината и од бучавата на возилата, а во паркот засадени се вкупно 7.500 метри квадратни трева со прскалки и системи за наводнување кои работат на принципот „капка по капка“.
Ново на Сител
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна
-
Мицкоски на средби со ЕУ челниците во Брисел - Ќе пренесел порака за фрустрацијата на македонскиот народ
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Стотина прехранбени производи еден месец ќе имаат ограничена бруто профитна маржа до 10%
-
Мицкоски: Задолжувањето не е кинеско, ако ви пречи Кина зошто потпишавте договор со нив?