Македонија
20. јуни 2022 - 17:43

Скопјанка фалсификувала возачка дозвола за да вози автомобил

Н.И. (41) од с.Кондово, скопско, доби кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа" по член 378 од Кривичниот законик.

Полицијата информира дека Н.И., иако немала положено возачки испит за Б категорија и немала возачка дозвола, набавила и искористила фалсификувана возачка дозвола за управување со моторни возила од Б категорија.

41-годишната жена доби кривична пријава.