Скопјанец си купи автомобил со кусурот кој го собирал 5 години

Сте виделе ли некогаш 2000 евра во денари? Во ситни пари или железни или монети. Од искуство знаете дека и петстотини денари во паричникот се претежок товар од кој гледате на секој начин да се ослободите.
Од таков претежок товар решил да се ослободи и скопјанец, па нашол генијален начин. Кусурот собиран пет години го вложил во автомобил и се почестил со ситроен С5, пишува Република.
–Почнав со собирање и си реков ќе си купам нешто поголемо… испадна кола. Собирав секој ден, од кусур. Секоја вечер ги празнев џебовите и ги ставав ситните пари настрана. И ете, по пет години се собраа 2000 евра,раскажува упорниот скопјанец, пишува Република.
Читателот кој ги испратил фотографиите е среќниот продавач.

–Пари си се пари, но што да правам со 65 килограми монети, од каде да почнам, низ смеа вели тој и почнува да брои:
440х50=22000 метални педесетденарки
5190 денари се во монети од еден денар и два денари
1500х5=7500 петденарки
2400х10=24.000 хартиени десетденарки
3500х10=35000 метални десетденарки
Вкупно 2000 евра.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
