Македонија
13. May 2018 - 14:38

Скопјанец си ја претепал сопругата- со тешки повреди завршила во Градска болница

Во Полициска станица Кисела Вода Г.Ц.(63) од Скопје вчера околу 14.30 часот пријавила дека околу 9.30 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц..

На повредената и е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.