Македонија
25. July 2023 - 17:58

Скопјанец пронашол коски кога го чистел подрумот на неговата куќа

Синоќа во 20.00 часот во СВР Скопје, Џ.Ф.(23) од Скопје пријавил дека при чистење на подрум во куќа на подрачјето на Радишани пронашол коски.

Според полицијата најверојатно станува збор за стари коски.

Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител коските биле пренесени во Институтот за судска медицина за понатамошна постапка.