Скопјанец претепан и ограбен додека чекал автобус
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против А.З. (36) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело ,,разбојништво“, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Пријавениот разбојништвото го извршил на 08.02.2016 година околу 20.00 часот на булевар „Крсте Мисирков“, на автобуската постојка наспроти МАНУ. Кога стигнал до местото на настанот, од зад грб му пришол на оштетениот, го фатил за качулката од јакната, со употреба на физичка сила го повлекол наназад и со сериозна закана дека ќе посегне по неговиот живот му побарал пари. Откако оштетениот одбил да му даде пари, пријавениот со тупаница го удрил во пределот на главата, му извршил личен претрес и од џебот од тренерките му го одзел мобилниот телефон, а потоа ја протнал раката во внатрешниот џеб од јакната каде пронашол и одзел 370 денари, по што му ги соблекол патиките и јакната, ги одзел и со трчање го напуштил местото на настанот.
По преземените мерки и активности од страна на полициски службеници, утврден е идентитетот и адресата на пријавениот, и по него беше распишана локалена потрага. На 09.02.2016 година од полициски службеници - Алфа е пронајден и лишен од слобода во ПС ОН „Центар“ каде е извршен службен разговор. Со потврда за одземени предмети од А.З. одземени се украдените предмети и со потврда вратени на оштетениот.
Пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што СВР Скопје од 1995 до 2002 година има поднесено 31 кривична пријава.
Ново на Сител
-
Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет
-
Путин објави велигденско примирје - запираат сите воени операции
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос
-
Кривична против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на Табановце
-
Кривична за 60-годишник од Свети Николе кој вршел јавен превоз без лиценца
-
15-годишник од Охрид со моторцикл удрил во три лица, а потоа и во паркирано возило
-
19-годишно момче загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија
-
Приведен 44-годишник од Штип, управувал со возило под дејство на алкохол