Македонија
27. August 2015 - 12:17

Скопјанец почина од струен удар

Четириесет и четиригодишниот Сашо С. починал од струен удар додека со уште две лица вработени во фирмата АДЦ – Дооел поставувале ново мерно разводно ормарче, соопшти МВР

Настанот се слуил вчера попладне околу 13,30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје.

Полицијата извршила увид,  а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.