Скопјанец осомничен за продажба на хашиш и марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето Н.Ш. (39), од Скопје осомничен дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Како што денеска соопшти МВР, на 17 октомври по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Н.Ш. и при претресот пронајдени и одземени се алуминиумска фолија со растителна материја, две поголеми и две помали паковки, како и една најлонска кеса со растителна материја пресувана во разни форми, 10 пакувања со грутчеста-прашкаста материја, една паковка со прашкаста материја, неколку пакувања со вкупно 27 таблети во разни бои и форми, електричен блендер и пластичен сад со остатоци од непозната материја.
При преглед кај Н.Ш., пронајдена е поголема количина пари и тоа 23 банкноти во апоени од 2.000 денари, 56 банкноти во апоени од 1.000 денари, 16 банкноти во апоени од 500 денари. По направеното вештачење констатирано дека материјалот во пресувана форма со вкупна нето маса од 447 грама претставува хашиш, а останатиот растителен материјал со вкупна нето маса од 50 грама претставува марихуана. За преостанатиот доставен материјал дополнително ќе биде направено вештачење.
Во врска со случајот известен е дежурен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки за натамошно постапување, а Н.Ш. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
