Македонија
2. May 2021 - 17:18

Скопјанец нападнат од две лица

Вчера во 18,20 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром С.Н.(24) и Љ.Д.(25) физички го нападнале М.Г.(36) од Скопје, стои во соопштението од МВР.

По пристигнување на полициски службеници на местото на настанот С.Н. се однесувал агресивно кон нив, по што бил приведен во Полициската станица Аеродром.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.