Македонија
23. November 2017 - 13:34

Скопјанец ја скршил од ќотек сопругата, децата избезумени барале помош кај соседите од насилниот татко

Вчера во 19,30 часот М.С.(33) пријавила дека истиот ден околу 14,00 часот во нејзиниот дом во с.Кондово од страна на нејзиниот сопруг С.А.(36) била физички нападната, при што истиот ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото. 

Потоа С.А. го зел нивниот осум годишен син и излегол од домот, а М.С. изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош и таа била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. 

Се работи на целосно расчистување на случајот.