Скопјанец ја ограбил фирмата во која работи, па пријавил разбојништво
Денеска (23.11.2020) полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба по добиени оперативни сознанија ги приведоа М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје а во врска со пријавено кривично дело разбојништво на 18.11.2020, при што бил одземен дневниот промет од фирма за брза достава на пратки.
Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат с.Чифлик-с.Рженичино кај место викано кисела вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет,а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво.
По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите