Македонија
3. April 2024 - 11:18

Скопјанец извршил кражба и нападнал 56-годишник кој пробал да го спречи

На 02.04.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.А.(45) од Скопје поради тоа што околу 20.30 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје извршил „разбојничка кражба“ при што одзел кацига од мотоцикл и физички нападнал 56- годишен скопјанец кој се обидел да го спречи да го изврши кривичното дело, соопштува МВР.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.