Скопјанец итно пренесен на Ургентно
Во понеделникот околу 16:20 часот, на крстосницата од ул. „Коце Металец“ со ул. „Ферид Бајрам“ во Скопје, четири непознати лица кои биле со патничко возило „Цитроен“, физички го нападнале Г.В. (46) од Скопје. Тие го удирале со тупаници и клоци по телото, а едно од нив се обидело да го нападне со нож, но не успеало. После тоа, лицата побегнале во непознат правец. Г.В. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар каде му била констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Причина за физичкиот напад најверојатно била тоа што Г.В. се обидел да им укаже на возилата кои минувале на крстосницата да возат повнимателно, бидејќи претходно се случила сообраќајна незгода во која учествувал неговиот син.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа