-->
-->
Скопјанец доби смртни закани - драма кај обиколницата
-->
Драма на обиколницата кај Радишани, скопјанец добил смртни закани. Како што инофрмираа од МВР, во средата во 21,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје З.С.(28) пријавил дека истиот ден околу 19,45 часот на обиколница после клучка Радишани, додека се движел со возило кон Сарај, го пристигнало друго возило управувано од И.Б. од с.Сингелиќ. Тој му пришол од десната страна и во движење го отворил прозорецот од шоферската врата и вперил пиштол кој го држел во десната рака, го репетирал, и му се заканувал на пријавителот, по што го напуштил местото на настанот. До настанот дошло поради тоа што пријавителот имал предходно нарушени односи со семејството на И.Б. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ал Гор ја спореди администрацијата на Трамп со нацистичка Германија
-
Рано утринава се запали возило „фолксваген пасат“ на подрачјето на Бит Пазар
-
Телото на папата утре ќе биде преместено во базиликата Свети Петар
-
ТАВ Македонија доби сертификат Great Place To Work
-
РКЕ: Не се менуваат цените на бензините и на дизелот
-
ДУИ: Додека се караат во ВРЕДИ институциите ја деградираат употребата на албанскиот јазик
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги брани бугарските позиции
-
ДЗР: Серија неправилности во бирото за развој на образованието