Македонија
22. April 2025 - 13:34

Рано утринава се запали возило „фолксваген пасат“ на подрачјето на Бит Пазар

Денеска (22.04.2025) во 04.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Р.(34) .

Од пожарот било зафатено и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.