Македонија
7. October 2018 - 11:08

Скинал страници од пасошот и очекувал да го пуштат преку македонска граница

Вчера во 15,30 часот на Граничен премин„Табановце“ на излез од РМ, со патничко моторно возило „Мерцедес” со албанска национална ознака се пријавил Д.Ш.(43) од Р.Албанија со албанска патна исправа.

По извршена контрола од страна на полициски службеници е забележано дека недостасуваат страници од патната исправа на лицето.

Д.Ш. е задржан и предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка.