Балкан
8. July 2022 - 13:51

Скијатос: Го снимала авионот додека полетувал, издувните гасови ја собориле и ја фрлиле во морето | ВИДЕО

Несреќа се случи на аеродромот во Скијатос каде што туристите и локалните жители се собираат да го гледаат полетувањето на авионите.

Туристката (61) сакала да го снима авионот додека полетува, но издувните гасови ја собориле и ја фрлиле во морето.

Како што може да се види на видеото, жената била на патот покрај морето, на само неколку метри од ѕидот и почетокот на пистата. Во моментот кога авионот полетал, таа ги кренала рацете, а не долго потоа воздушната сила од турбината ја фрлила неколку метри во морето.

Лекарите од локалниот Здравствен дом констатирале дека таа се здобила со сериозни повреди на главата, карлицата и модринки на десното рамо и левиот зглоб, а жената со брод е пренесена во болницата во Волос, најблискиот град на копното.