„Сказна за чучулигата“ од Томе Богдановски во издание на „Македоника литера“
„Македоника литера“ ја објави книгата „Сказна за чучулигата“ на писателот Томе Богдановски која содржи драми, монодрами и радиодрами за возрасни читатели, повеќето од нив претходно наградени или откупени на анонимни конкурси.
- Карактеристично за драмските текстови на Богдановски е тоа што тој пишува приказни со цврста драматуршка структура; со динамичен или драматичен тек, и со одмерен и ефективен дијалог. Дејството во секој текст е предадено со потребната внатрешна и надворешна конфликтност, како негова движечка сила, соопшти издавачот.
Томе Богдановски (1938, Бање, Кочанско) е поет, раскажувач, романсиер, драмски писател и учебникар. Пишува и за деца и за возрасни. Во македонската литература дебитирал истовремено со три книги, во 1972 година. „Сказна за чучулигата“ е втора негова книга со драмски текстови. Претходно ја објавил збирката драми за деца „Ценцел“.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен