Бизнис
15. October 2021 - 12:29

Скапата струја ќе донесе повисоки цени на хотелските аранжмани

Енергетската криза и растот на цените на одредени продукти ќе се одрази врз хотелиерството и угостителството.Од ХОТАМ најавуваат поскапување на аранжманите долж охридското езеро храната и пијалоците во објектите за 20 проценти доколку продолжат да се зголемуваат цените. Тие се надеваат дека по короната нема да биде преголем ценовниот шок бидејќи веќе се потпишани договори со странските тур оператори.

Од организацијата на работодавачи на Македонија велат дека очекуван е растот на цените во туристичкиот сектор со оглед на тоа дека станува збор за светска криза најавија дека ќе ги следат земјите од регионот.

Туристичките работници повторно очекуваат финансиска поддршка од државата за надминување на корона кризата и посочуваат дека за следната сезона се прават анализи како да направат баланс помеѓу можностите, прилагодување на цените на нашиот пазар и покривање на трошоците.