Скандинавскиот трилер „Смила го чувствува снегот“ објавен на македонски

Романот „Смила го чувствува снегот“ од данскиот писател Петер Хег во превод на Лара Крстева- Ичокаева, излезе од печат во издание на Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
Романот објавен 1992 година, се смета за еден од најфасцинантните трилери на сите времиња, а на Хег му донесе светска слава. По овој бестселер е снимен и филм во 1997 година, со Џулија Ормонд и Габриел Брн во главните улоги. Веднаш по објавувањето од многумина бил прогласен за книга на годината, меѓу кои и списанијата „Тајм“ и „Пипл“. До денес романот е продаден во над 20 милиони примероци низ светот.
Смила Јесперсен, половина Данка, половина Гренланѓанка, се обидува да ја растајни чудната смрт на едно момченце што паѓа од врвот на зградата во која таа живее. Полицијата веднаш објавува дека е несреќен случај. Но, Смила знае дека нејзиниот сосед не паднал сам од покривот. Детството поминато на Гренланд ѝ дава можност поинаку да гледа на снегот и, кога ќе сфати дека стапалките на детето покажуваат дека тоа трчало по снегот пред да умре, одлучува да открие кој го бркал. Како што се обидува да ја реши мистеријата така открива редица заговори и прикривања на вистината и сфаќа дека не може никому да верува. Истрагата ја води од улиците на Копенхаген до замрзнатиот Гренланд.
Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Петер Хег (1957) е еден од најзначајните дански писатели на XX век. Завршил книжевност, а потоа и актерство и танц. Работел како актер, танчар, морнар, писател. Многу патувал, особено на Карибите и во Африка. Извесен период своите приходи ги прелевал во фондација за поддршка на жените и на децата во Африка и на бегалските кампови во Индија. Живее во Данска, заедно со својата сопруга со потекло од Кенија и со двете ќерки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
