Скандалозна изјава на хрватскиот премиер - Македонија не е држава

Откако не го издржа притисокот на Брисел и експресно најави дека прашање на часови е кога ќе ја крена рампата кон Србија, хрватскиот премиер Милановиќ не ја стиши реториката.
Продолжи да дели лекции за европски вредности, кои очигледно им недостасуваат на сите, освен на Загреб. Откако вчера Србите ги нарече варвари, денеска им одржа слична лекција и на Македонија и на Грција, кои според него, немаат државна власт и не функционираат како држави.
-Мора да погледнеме јужно и југоисточно од себе и да заклучиме дека таму нема државна власт. Така не функционира држава, ниту Грција, ниту Македонија, ниту Србија. Ако треба да ги пуштаме луѓето низ поле, како што прават во Србија, можеме и така. Но, тоа не е држава, таа е случајна држава, неорганизирана, која сака да влезе во ЕУ. Интензивно разговараме со соработниците овие мерки, кои моравме да ги воведеме, денеска или утре да ги укинеме, изјави Зоран Милановиќ, премиер на Хрватска
Рампата ќе се крене, но испадите на Милановиќ ќе останат. Денеска и Унгарија, најжестокиот противник на европското решание на бегалската криза, му се потсмеваше на премиерот, порачувајќи му изборната кампања да си ја води во сопствениот двор.
– Разбирам дека Хрватска веќе ја почна предизборната кампања, па имам само едно барање до хрватскиот премиер, а тоа е да не остават на мира. Ние нема да гласаме не хрватските избори и нас нема да мора да не убедува во било што, изјави Петер Сиарто, министер за надворешни работи на Унгарија.
Хрватските избори ќе се одржат кон крајот на годинава, а владеачката партија на Милановиќ на анкетите заостанува зад ХДЗ. Предизборната кампања, низ призма на мигрантите, очигледно прва ја почна претседателката Китаровиќ, која најавуваше брда и долини за бегалците, за по два дена Хрватска да ја затвори границата.
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
