-->
-->
Скандал во скопско училиште - наставник претепа ученик
-->
На тринаесетгодишен ученик во ОУ во Бутел вчера му биле нанесени повреди од стап од страна на негов наставник.
Како што соопшти МВР, настанот вчера во 16,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријавил неговиот татко Д.Б.(45) кој изјавил дека истиот ден околу 12,30 часот во Основно училиште во населбата Бутел, за време на настава на неговиот 13-годишен син од страна на наставник со употреба на дрвен стап му е нанесена телесна повреда по рацете и вратот.
- Веднаш по пријавувањето на настанот било излезено на местото на настанот од страна на полициски службеници од Полициската станица Чаир, наведуваат од МВР.
За случајот бил известен Јавен обвинител и се работи на негово целосно расчистување
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден