Скандал во Битола: Невработен гинеколог породил жена со царски рез

Во гинеколошката болница во Битола невработен гинеколог породил жена со царски рез.
Директорката на болницата за Сител потврди дека на 15 јануари до неа пристигнала пријава дека неовластено лице, поточно невработено лице во битолската болница присуствувало на операција во операционата сала во гинекологшко-акушерското одделение.
Уште истиот ден започната е процедура која ги вклучува сите кои биле присутни на настанот во операционата сала.
За двајца од вработените како одговорни оператори во сала донесено е решение за времено отстранување од работа поради започната дисциплинска постапка со цел да не можат да ја попречуваат работата во постапката на дисциплинската Комисија.
Директорката на болницата дополни дека по завршувањето на постапката ќе бидат изречени соодветни мерки за казни на вработените.
Сител стапи во контакт и со докторот кој е вмешан во овој настан, др. Гоце Чакаровски, кој рече дека нема да го коментира овој случај се додека не заврши дисциплинската постапка.
Најновата информација добиена од СВР Битола е дека за овој случај ќе бидат покренати три кривични постапки.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
